Дигитално насилство_ децата стануваат жртви на предатори(720p)
📍Комуницирањето онлајн носи голем број придобивки. Но, покрај добрите страни, носи и ризици од кои мора да се заштитиме. Секој може да стане жртва на дигиталното-силеџиство. Особено ранливи се младите.
📍Се проценува дека едно од пет деца, на возраст од 11-18 години, на некој начин биле малтретирани преку „електронскиот простор“. Ова е поврзано со периодот на адолесценција.
📍Во некои случаи, поради осаменост и изолираност, односно ограничени контакти децата можат да станат жртви на предатори кои се обидуваат да остварат некаква корист во смисла на поврзување со децата за да дојдат до нивни фотографии или снимки или друг експлицитен материјал, како и воспоставување онлајн комуникација и создавање услови за понатамошна сексуална злоупотреба, т.н груминг.
📍Кога насилството се случува онлајн, лицето кое е нападнато се чувствува како да го напаѓаат отсекаде, па дури и во дома. Се чувствува како да е заглавен во стапица од која не може да излезе. Дигиталното насилство кај нападната личност може да предизвика ментални, емоционални, па дури и физички ефекти.-малтретирањето може да предизвика депресија, па дури и самоубиствени мисли кај децата.
📍Детето може да биде жртва преку директен напад и индиректен напад преку посредник.
📍Индиректен напад е кога напаѓачот го напаѓа детето преку посредник кој дури може да не биде свесен дека е искористен. Посредникот ја дознава лозинката на e-mail адресата на детето или име/прекар на „чет“ и ја користи за испраќање на вознемирувачки пораки до неговите пријатели и остава впечаток дека детето-жртва всушност е тоа коешто ја врши злоупотребата. Пријателите го отфрлаат, родителите ќе преземат мерки, ќе му го исклучат интернетот. За жал, најчесто никој од нив, не е свесен дека се посредници во злоупотребата на нивното дете. Нападот преку посредник е најсериозен и најопасен вид на насилство преку интернет бидејќи често вклучува возрасни лица со лоши намери и најчесто со порнографски содржини.
📍Градењето врска со доверба и емоционалност помеѓу дете и најчесто возрасно лице преку комуникациска технологија што има за цел регрутирање и експлоатација на малолетни лица заради сексуални цели е познато под називот grooming. Децата е полесно да се вклучат во потенцијално опасни контакти и активности заради возраста, љубопитноста и недоволната зрелост за сфаќање на ризиците и препознавање на опасностите. Овие можности ги користат луѓе коишто се исклучително добри манипулатори, поседуваат вештини за воспоставување контакти и стекнување доверба и знаат како постепено да ги натераат децата да им испратат свои експлицитни фотографии или видеа. Тие користат заведување, уцена и закани.
📍За опасностите на кои се изложени децатa во дигиталниот простор, говоревме во ова издание на Приказна
Дигитално насилство: децата стануваат жртви на предатори
Гостинка: Јорданка Черепналкова Тракоска, Прва детска амбасада во светот Меѓаши
Емисија Приказна, Уреник Вики Ристоска
#приказна
#твмагазин
#дигиталнонасилство
#onlinegrooming
#cyberbullying
#сајбербулинг
#дигиталносилеџиство
8 views
124
22
2 years ago 00:50:02 247
Дигитално насилство_ децата стануваат жртви на предатори(720p)
2 years ago 00:50:03 1
Дигитално насилство децата стануваат жртви на предатори