Првата детска амбасада „Меѓаши“ бара итно распуст за учениците

Меѓаши: Децата итно да се пуштат на распуст поради енормната загаденост на воздухот Под итно децата да се пуштат на распуст! Помалите деца да не се пуштаат во градинките! Влада на Република Македонија, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи... Имајќи ја предвид енормната загаденост на воздухот и неговото катастрофално влијание врз здравјето, бараме од централната и локалната власт под итно децата да се пуштат на распуст а градинките и сите установи каде престојуваат деца да се затворат се додека концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се намали во нормални граници и се додека од надлежните институции не се преземат соодветни, конкретни мерки за заштита. Во спротивно се придружуваме со целосна поддршка на веќе најавениот бојкот од страна на родителите, најавен за 20 декември 2017. Воедно, престанете борбата за правото на чист воздух да ја сведувате на политичка и партиска пресметка, ова е надполитичко и надпартиско прашање и секој/а е
Back to Top