ПРОЦЕС: Младите се поттикнувани на насилство Процес 94 емисиа

ПРОЦЕС: Младите се поттикнувани на насилство Загрозена е безбедноста на младите кои се поттикнувани на насилство или протестираат во училиштата напоредно со протестите на Иницијативата „За заедничка Македонија“. Како тензиите се пресликуваат на младите и што може да произлезе од тоа? Младите имаат право на сопствено мислење и можност да се занимаваат со политика, но без да туркаат партиски агенди, вели во ПРОЦЕС, Ана Битољану од Првата детска амбасада„ Меѓаши“ Битољану: Постои сомнеж дека ученици се користат во политички цели Притисоци и закани до ученици во неколку скопски средни училишта за да ја бојкотираат наставата и да излезат на партиски протести имало во последните неколку дена. На социјалните мрежи средношколци коментираат дека биле убедувани да протестираат за не прифаќање на Платформата и политичката состојба во државата. Во Битола неколку десетици ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ вчера ја прекинале наставата и излегле во училишниот двор на протест против двојазичноста. Тие в
Back to Top