ИМАМ ПРАВО НА ЧИСТ ВОЗДУХ

ИМАМ ПРАВО НА ЧИСТ ВОЗДУХ Голем мировен марш за чист воздух утре од 17 часот низ Скопје Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот Меѓаши заедно со уште 18 граѓански, невладини организации, ги повикуваат граѓаните на мировен марш за правото на чист воздух кој ќе се одржи утре (четврток, 21 септември) од 17 часот низ повеќе булевари во Скопје. Почетна точка на акцијата е Владата на РМ, по што ќе се помине низ булеварот „Илинден“ и булеварот „8 септември“ каде учесниците ќе се спојат со партнерските граѓански организации „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест. - Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци директно ги чувствуваат последиците на токсичниот воздух. Сметаме дека овој период е особено важен пред новите локални власти да се позиционираат, за да можат сериозно да го сфатат проблемот и заедно со ц
Back to Top