Почитувани пријатели,имам чест,вам и на светот,премиерно на јутубе да ви го претставам најдоброто од Македонија,балетската свита,а јас би рекол и симфонија,ремек дело на композиторот Иван Терзиев,ненадминатиот мајстор на флејта.
Компонирана на тема на народните песни Ој ти Пацо дреновчанке и Ој девојче,девојче,ти тетовско јаболче,оваа свита по ништо не заостанува,да речеме на пример, зад едно Лебедово езеро на Чајковски или Волшебната флејта на Моцарт...Во нејзината убава,кротка,питома,спокојна мелодија,можам да ги видам сите убавини на природата и духот на македонскиот човек,поколенија што поминале,што се сега, и допрва што ќе доаѓаат...Ова всушност и не е музика,ова е тонска слика на душата на Македонците и во исто време нејзин мевлем и утеха.
Сите што ќе ја ислушате оваа прекрасна свита,вас пријателите ширум светот, кои ги почитувате трајните вредности,на некој начин со тоа и ве задолжувам да ги ревитализираме истите,кои се загрозени од новокомпонираната инстант култура...Оваа опасност што ја носи новото време,уште пред еден век и повеќе ја знаеше и засекогаш го овековечи времето пред нејзе, во своите уметнички слики,норвешкиот уметник Едвард Мунк,па затоа му направив и него една чест,ставајќи ја неговата слика Девојка и јаболко како илустрација на видеото.Ви посакувам пријатно слушање.
3 views
384
95
1 month ago 00:04:11 1
Я радуюсь | Виктория Шадюк | Премьера песни 2020 [OFFICIAL VIDEO]
2 months ago 00:04:19 1
Я в бессмертье иду| Группа Мелодия & Братья |Премьера 2020
2 months ago 00:05:02 1
Группа Мелодия| Поёт моё сердце| Official video 2019
2 months ago 00:03:29 1
Группа Мелодия| Господь моя сила| Премьера 2020
2 months ago 00:04:16 1
Группа Мелодия | Как прекрасен Ты | Премьера 2019
2 months ago 00:04:52 1
Alina Donica, Не бойся ибо Я с тобою (2018 Video)
2 months ago 00:05:30 1
Душа моя ожидает Господа || Дарина Кочанжи (Official Video) My Soul Waits For The Lord
2 months ago 00:05:17 1
Мы Увидим Небеса | Дарина Кочанжи (Official Video)