Меѓаши за скандалот со извидниците: Ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број

Меѓаши за скандалот со извидниците: Ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број Како оргаанизација што се грижи за добросостојбата и за правата на децата најостро го осудуваме овој немил настан и бараме од институциите расветлување на случајот. Исто така очекуваме да го слушнеме и ставот на Првиот скопски извиднички одред. Бараме Јавното обвинителство најитно и темелно да го расчисти случајот бидејќи постојат сериозни индиции дека станува збор за кривично дело во кое децата се жртви на манипулација и злоупотреба. Воедно ги охрабруваме дојавувачите да бидат во што поголем број, да се дознае вистината и доколку се покаже дека децата се жртви на злоупотреба и кршења на нивните права, оваа масовна злоупотреба на деца, не смее да помине неказниво. Сериозноста на овој случај бара итно испитување и постапување на Јавното обвинителство, МВР, како и другите надлежни институции за да се заштитат децата кои се трауматизирани. Бараме Јавното обвинителство што поскоро да излезе со информации за конкрет
Back to Top